- - Рачна камера 8,29 MP CMOS 25,4 / 2,5 mm (1 / 2.5") Црн
- - Оптички зум: 20x Дигитален зум: 250x
- - Мемориска картичка
- - LCD Вграден дисплеј 7,62 cm (3")
- - 4K Ultra HD 3840 x 2160 пиксели 120 fps
- - Dolby Digital 2.0/5.1 Вграден микрофон Вградени звучници
- - HDMI Влезен приклучок за еднонасочна струја
- - Wi-Fi Комуникација на блиско поле (NFC)
- - Литиум
Digital 4K Video Camera Recorder, 8.29MP, 1/2.5" Exmor R CMOS, Optical Zoom 20x (Digital 250x), 3840 x 2160, 3" LCD, Micro USB, HDMI, NFC, Wi-Fi
Уживајте во моментите повторно
Замислете си извонредни движења. Посакајте да ги доловите. Внесувајте нови елементи постојано. Со 4K Handycam® камерата во рака, најемотивните моменти стануваат реални.
Напредни функции за одлични видеоснимки
Перформансите со кои се одликува најдобрата 4K Handycam® камера се беспрекорни. Балансираниот оптички SteadyShot™ и брзиот интелигентен AF создаваат слики какви што посакувате. Микрофонот со нова структура ја доловува атмосферата насекаде околу него. Можете дури и да експериментирате со времето и движењата или да ја преземете контролата врз професионалните/рачните функции. Можностите и задоволството се бесконечни.
Најважни фактори за извонреден квалитет на сликата
Напредните перформанси на објективот и сензорот за слика го подобруваат приказот со голема прецизност, чувствителноста и моќта.
Балансиран оптички SteadyShot
Извонредната стабилизација на сликата ви овозможува да снимате стабилно низ целиот опсег на зумот додека одите.
Брз и интелигентен автоматски фокус (AF)
Ефикасното движење на објективот и предвидувањето на растојанието за AF овозможуваат брзо преместување на фокусот од далечните до блиските објекти.
Снимање на висококвалитетен звук
Новата структура на микрофонот снима звуци од пет насоки со приближно 40% помалку шум за да добиете реалистична атмосфера.
Забавувајте се додека снимате и по снимањето
Бидете креативни со функциите за снимање со голема брзина и за снимање забрзани снимки за да направите прекрасни видео записи.
Повеќе функции во професионален стил
Снимајте како професионалец со функциите за рачно поставување, EVF, временски код и снимање кориснички податоци.
Извонреден и реалистичен 4K квалитет
Новосоздадениот објектив и сензорот на сликата ја подобруваат извонредната резолуција до 4K, со особена чувствителност за снимање висококвалитетни видеоснимки при слаба осветленост.
ZEISS® објектив со 20x зум и компатибилност со 4K
Vario-Sonnar T објективот од ZEISS® со најширок агол од 26,8 мм ви овозможува да опфатите поголем дел од објектот во кадарот.
Нов Exmor R® CMOS сензор за 4K
Поголемите точки ја подобруваат чувствителноста за снимање видеоснимки со помалку шум, дури и во темнина.
Магијата на HD и 4K со висока бит-стапка
Снимањето со висока бит-стапка во XAVC S формат јасно ги доловува дури и променливите сцени со многу движења.
Гледајте 4K видеоснимки во HD на уреди што не поддржуваат 4K
Подобра репродукција во Full HD на телевизор без 4K
На 4K видеоснимките автоматски им се намалува резолуцијата до Full HD за да се репродуцираат на HD телевизор.
Делумната репродукција го намалува кадарот со допир
Поминете со прстот по LCD екранот за намалување на кадарот од 4K филмот што се репродуцира на телевизорот во Full HD.
Извонредно стабилно снимање во движење
Краткиот видео запис подолу ги прикажува ефектите од компензирање на тресењето на фотоапаратот со балансираниот оптички SteadyShot (десно) и оптичката стабилизација на сликата (лево), соодветно.
Помалку тресење на сликата во поширок опсег на зумирање
За снимање видео со неверојатна стабилност, од широк агол до телефото. Во режимот за снимање во HD, интелигентниот активен режим со 5 оски уште повеќе го намалува тресењето на фотоапаратот, дури и кога снимате додека трчате.
Фокусирајте со неверојатна брзина
Брзиот и интелигентен AF не само што нуди исклучителна брзина за автоматско фокусирање, туку и извонредна прецизност.
Брзиот и интелигентен AF ја зголемува брзината паметно
Новиот AF алгоритам ја оптимизира комуникацијата помеѓу објективот и процесорот за слика за да овозможи извонредно брз AF, а современиот систем за предвидување на растојанието за AF го задржува објектот во фокус.
Снимете реален звук
Структурата на новиот микрофон е дизајнирана за снимање висококвалитетен звук што ја доловува атмосферата и има приближно 40% помалку шум.
Повеќе забава, од почеток до крај
Забавата при користењето на Handycam® продолжува и по снимањето, додека го подобрувате, трансформирате или уредувате снимениот материјал за да добиете видео за паметење.
Специјалните ефекти внесуваат возбуда во видеоснимките
Снимање со голема брзина за видеоснимки со забавени движења
Снимете видеоснимка со висока стапка на слики како 120 fps/100 fps (NTSC/PAL) во Full HD. Видеоснимката со забавени движења ќе ви понуди извонреден квалитет на слика во секој момент од случувањата.
Временски промени во 4K видео со забрзани движења
Со функцијата за снимање забрзани снимки можете да снимате фотографии од некоја сцена во определен временски период со определен интервал помеѓу секоја снимка и да ја претворите низата снимки во висококвалитетна 4K видеоснимка со забрзани движења.
Откријте поголем потенцијал за професионално снимање
Во функциите со професионален стил спаѓа прстен и копче за рачна контрола на разни функции што се доделуваат, како и снимање кориснички податоци и временски код.
Напредни функции за професионално уредување
Снимајте со временски код и кориснички податоци
Овие функции се незаменливи за напредно уредување. Изборните далечински управувачи, исто така, овозможуваат попрактично уредување.
Широката палета на галантерија ги задоволува сите потреби
Професионалните опции отвораат нови можности.
Зголемете го задоволството при фотографирањето уште повеќе и надополнете ги снимените материјали со професионален изглед со помош на галантеријата која е специјално создадена за овој модел.
Sony FDR-AX53, 8,29 MP, CMOS, 25,4 / 2,5 mm (1 / 2.5"), 4K Ultra HD, 7,62 cm (3"), LCD
Sony FDR-AX53. Вкупно мегапиксели: 8,29 MP, Тип сензор: CMOS, Големина на оптички сензор: 25,4 / 2,5 mm (1 / 2.5"). Оптички зум: 20x, Дигитален зум: 250x, Опсег на фокусна должина: 26.8 - 536 mm. Тип медиум за видеокамера: Мемориска картичка, Компатибилни мемориски картички: MS PRO Duo, MS Pro-HG Duo, MS XC-HG Duo, SD, SDHC, SDXC, Камера датотечниот систем: DCF 2.0, Exif 2.3, MPF. Приспособување на фокусот: Автоматско/Рачно, Најблиско растојание за фокус: 0,01 m. Режими на изложеност на светлина: Автоматски, Рачно, Мерење на светлината: Точка