- - Рамен 165,1 cm (65") Edge-LED
- - 4K Ultra HD 3840 x 2160 пиксели 16:9
- - Motionflow 1000 Hz
- - DVB-C, DVB-S, DVB-S2, DVB-T, DVB-T2
- - Паметен телевизор Интернет ТВ Отсликување на екранот
- - Wi-Fi Ethernet LAN конекција Bluetooth
- - VESA-монтирање
- - 119 W
4K Ultra HD телевизор со 4K Processor X1, 4K X-Reality PRO, TRILUMINOS и подобрување на динамичкиот контраст.
Уживајте во 4K слика подобрена со TRILUMINOS и подобрување на динамичкиот контраст
4K HDR : следната генерација на квалитет на слика: Телевизорите компатибилни со висок динамички опсег (HDR) ќе го променат начинот на кој гледате телевизија. HDR видео содржините, во комбинација со 4K Ultra HD резолуција, нудат исклучителни детали, бои и контраст, со многу поголем опсег на светлина од другите видео формати. Како резултат се добива најреалистичната слика што телевизорите можеле да ја создадат досега, со прекрасни осветлени делови и врвни детали..
4K Processor X1™: еден чип менува сè: Нашиот моќен 4K Processor X1™ нуди неверојатен квалитет на слика без разлика што гледате. Секој извор се анализира интелигентно и подобрува приближно до 4K резолуција, почнувајќи од ТВ емитувања, Blu-ray Disc, DVD, па дури и 4K видеоснимки од интернет. Ќе уживате во извонредни 4K слики со неверојатна јасност, пореалистични бои и исклучителен контраст..
4K X-Reality™ PRO: подобрете ја секоја слика до 4K: Откријте возбудлив свет на извонредна јасност. Нашата најмоќна технологија за обработка на 4K слики досега ги подобрува сите точки. Сите делови од секоја сцена се анализираат и се усогласуваат со специјална база на податоци со слики која независно ги обработува текстурите, контрастот, боите и рабовите. Разликата е очигледна со неверојатно реалистични детали, независно што гледате..
TRILUMINOS™ екран: BRAVIA ви нуди уште пореалистични бои. Поради тоа што TRILUMINOS™ екранот селективно ги мапира боите од достапната широка палета на бои која се должи на специјално создаденото задно осветлување, суптилните бои не стануваат презаситени и неприродни. Ќе уживате во живописни и реални слики кои ги будат чувствата во секоја сцена..
Организирање на каблите: Скријте ги каблите. Сите кабли можете уредно да ги наместите на задната страна на телевизорот и да ги спроведете низ држачот, за сè да изгледа удобно..
Motionflow™ XR овозможува јасни движења: Уживајте во јасни и остри детали дури и кај динамичните сцени со Motionflow™ XR. Оваа иновативна технологија создава и вметнува дополнителни слики измеѓу оригиналните слики. Таа ги споредува главните визуелни фактори на последователните слики, а потоа ги пресметува движењата кои недостасуваат и траат само дел од секундата во низата слики. Некои модели се одликуваат и со вметнување црни слики за елиминирање на заматувањето и добивање реалистичен изглед како во кино..
Google Cast™: Одлично се усогласува со вашите други уреди: BRAVIA® поддржува Google Cast™ за проследување на вашата омилена забава, како YouTube™, од вашиот личен уред на прекрасен BRAVIA® екран . Може да проследувате од Android™, iOS™ или од вашиот лаптоп..
BRAVIA® во комбинација со Android TV: Вашиот паметен телевизор штотуку стана попаметен. Помислете на работите кои сакате да ги правите на вашиот паметен телефон или таблет-уред, а сега можете на голем и прекрасен BRAVIA® екран. Потполно новиот Android TV од Sony ви овозможува да се поврзете и да уживате во какви било содржини, од апликации до филмови, помеѓу различни уреди со Android – на наједноставен начин досега..
Кажете што ќе посакате да видите со гласовното пребарување: Трошете помалку време за пребарување, а повеќе време за гледање. Гласовното пребарување со Android TV™ ви ја нуди моќта на пребарување на Google, овозможувајќи ви да пронаоѓате содржини од различни услуги без да трошите време за внесување текст. Може да добиете и препораки: ако побарате „романтични комедии“ на пример, ќе добиете листа со соодветни опции..
Google Play: Цел свет на содржини и апликации: Откријте филмови и ТВ емисии, игри и многу повеќе од Google Play. Уживајте во огромен избор на апликации, чиј број сè повеќе се зголемува, на потполно поинаков начин на вашиот телевизор..
Лента за содржини: пронаоѓајте содржини брзо: Ненаметливата лента за содржини ви овозможува брзо пронаоѓање на филмот, ТВ серијата или видеоснимката што ја барате. Отворете ја лентата за содржини без да престанете со гледањето, а притоа пребарувајте ТВ канали што се емитуваат во живо, содржини на барање, преземени ТВ серии и многу повеќе. Лентата за содржини може и да се прилагоди за да ги прикажува содржините што најчесто први ги отворате..
DSEE врши обновување на деталите на вашата дигитална музика: Видеоснимките од интернет со мала резолуција, интернет телевизијата и другите компресирани аудио фајлови не секогаш звучат одлично. При компресирање на дигиталниот звук се губи голем дел од информациите. Со технологијата DSEE (процесор за подобрување на дигитален звук), изгубените фреквентни компоненти (особено кај високите фреквенции) се обновуваат за добивање природен звук со поголемо чувство на простор..
S-Force Front Surround како во кино: Уживајте во прекрасно звучно поле кое ќе ве внесе директно во центарот на случувањата. S-Force Front Surround го имитира начинот на кој мозокот ги поврзува звучните извори, заради создавање соодветна јачина на звук, доцнење и бранов спектар на звукот – со користење само на левиот и десниот канал за звучници. Со симулирање природни тродимензионални звучни полиња, ќе можете да уживате во богат звук со голема верност низ поширока површина за слушање..
Создаденo за слушање: ClearAudio+: Направете го слушањето реалистично како и гледањето. ClearAudio+ детално го прилагодува звукот од телевизорот за добивање на прекрасно доживување кое изгледа како да ве опкружува. Слушајте музика, дијалог и опкружувачки ефекти со поголема острина и отсечност, без разлика што гледате..
Clear Phase за рамномерни и балансирани фреквенции: BRAVIA® користи моќен компјутерски модел за анализа и компензација на неправилностите во одзивот на звучникот. Тоа се врши преку „семплирање“ на фреквенцијата на звучникот со поголема прецизност. Информациите се враќаат назад за да ги поништат ненадејните зголемувања или намалувања во стандардниот одзив на звучникот – резултирајќи со чист и природен звук и рамномерна репродукција на сите фреквенции..
Збогатете го гледањето со помош на апликацијата TV Side View: Пронајдете ги, снимете ги и дискутирајте за вашите омилени ТВ емисии со апликацијата TV SideView. Користете го вашиот таблет-уред или паметен телефон (со Android или iOS) за да ги погледнете најновите распореди на програмите, како и за да ги гледате најпопуларните ТВ програми кои се во тек. Штом ќе пронајдете што сакате да гледате, може да поставите аларм за никогаш да не ги пропуштите саканите емисии. Објавувајте твитови за вашите реакции и погледнете што велат останатите..
Sony KD65XD8505, 165,1 cm (65"), 3840 x 2160 пиксели, 4K Ultra HD, Паметен телевизор, Wi-Fi, Црн
Sony KD65XD8505. Дијагонала на екран: 165,1 cm (65"), Резолуција на екран: 3840 x 2160 пиксели, Тип HD: 4K Ultra HD, Облик на екранот: Рамен, Тип заднинско ЛЕД-светло: Edge-LED. Паметен телевизор. Технологија за интерполација на движење: Motionflow 1000 Hz, Оригинален сооднос на ширина и висина на слика: 16:9. Систем за формат на дигитален сигнал: DVB-C, DVB-S, DVB-S2, DVB-T, DVB-T2. Wi-Fi, Ethernet LAN конекција. Боја на производот: Црн